Мобилните протетски помагала се решение секогаш кога нема можност за фиксно протетско решение или кога нема услови за поставување на импланти.Мобилните помагала пациентот сам ги поставува и ги вади од устата.Тука спаѓаат тотални и парцијални класични и визил протези..
Мостовите се индицирани кога во устата на пациентот недостасуваат еден или повеќе заби,за надокнадување на истите кога постојат услови за тоа.За да се спречи мобилноста на околните заби бидејќи тие тежнеат да го пополнат празниот простор или пак од естетски причини.Целта на мостовските конструкции е тие да го надополнат дефектот во забалото,да ја вратат функцијата,говорот и естетиката како и да овозможат правилно пренесување на џвакопритисокот.
Мостовите можат да бидат изработени од металкерамика или од безметална керамика.
Коронките се индицирани кај фрактурирани заби,заби со големи композитни полнења најчесто лекувани или пак заби со променета боја и форма.Целта на поединечните коронки е да се надогради и заштити забот и да се задржи во устата што е можно подолго,да се врати во функција и естетски да задоволува во однос на преостанатите заби.
Можат да бидат изработени од металкерамика или безметална керамика