Денталниот плак претставува мека наслага на забите, а кога тој ќе минерализира се создава забен камен, т.е. тврда наслага на забите.
Отстранувањето на тврдите и меките наслаги на забите во ординација претставува безболна процедура. Прво се отстрануваат тврдите наслаги на забите, односно забниот камен со помош на ултразвучен апарат, над и под гингивата, а по потреба се користат и специјализирани кирети.
Меките наслаги, односно денталниот плак се отстранува со помош на паста за полирање. Оваа процедура се прави на секои 6 месеци, по потреба и порано.
Гингивитисот односно крварењето на непцата е првиот знак за воспаление на потпорниот апарат на забите.
Како ризик фактори иако се наброени лоша орална хигиена,пушење и начин на исхрана,пародонтопатијата има и генетски предиспозиции.
Терапијата на гингивитисот вклучува ултразвучно чистење на забен камен,мануелна киретажа на пародонтални џебови и полирање за остранување на меки наслаги,крајната цел на третманот е да се спречи напредувањето на пародонтопатијата и да продолжи животот на забите.
Постојат повеќе третмани за третирање на парадонтално ткиво.