Ортодонција претставува специјалност во стоматологијата која се занимава со дијагноза и корегирање на дентовилични малформации и меѓувилични односи.

Фиксни протези

Фиксни ортодонтски апарати претставуваат ортодонтски помагала составени од брекети кои што се поставени на забите и лакови со кои се поврзани сите брекети со цел да се придвижат во нивната идеална положба.Тие можат да бидат челични и керамички.

Протези мобилни

Мобилни ортодонтски апарати претставуваат ортодонтски помагала кои пациентот може сам да ги постави и извади од усната празнина.Тие се употребуваат во рана возраст за да се корегира растот и развојот на вилиците зависно од случајот.Кај мобилните протези е исклучително важна соработката со пациентот,односно редовното носење на мобилниот апарат.

Алајнери

Алајнери претставуваат алтернатива на фиксните ортодонтски помагала.Тие се проѕирни фолии кои се изработуваат во лабораторија на претходно земен отпечаток од усната празнина на пациентот.

Лесни се за навикнување,комфорни и скоро незабележливи.За разлика од фиксните ортодонтски апарати каде силата е концентрирана на брекетата,кај алајнерите силата е на целиот заб.Со алајнери се решаваат лесни,средно тешки и тешки аномалии на забите,во однос на тежината на случајот зависи и бројот на фолии кои ќе биде потребен за да се доведат забите во идеална поставеност.

ЗАКАЖИ ТЕРМИН

077 88 88 66

Developed by Optimized