Лекувањето на забот скоро секогаш е план на терапија кога е присутно воспаление на пулпата.Со правилна обработка на коренскиот канал и паралелна медикаментозна терапија и на крај со исполнување на истиот со адекватно полнење овозможува долготрајна функционалност.
Ревизија на веќе лекувани заби претставува постапка во која од иако забот е лекуван постои присуство на инфекција која најчесто е дијагностицирана со рентген снимка.Во овој случај конзервативниот третман на забот е индциран и подразбира целосно отстранување на старото полнење на каналот,проширувње на зидовите,дезинфицирање и повторно полнење со што му продолжува траењето и функционалноста во текот на животот.