Штетни навики за вашите заби

Секој од нас има индивидуални навики во своето секојдневие. Дел од нив се штетни за нашето орално здравје, но и за општото здравје.

Во понатамошниот текст ќе ги наведеме најчестите штетни навики кои го нарушуваат оралното здравје:

  • Грицкање нокти, пенкала, моливи – една од навиките која е најтешко да се одвикнеме е грицкањето нокти. Иако делува дека со оваа навика се оштетуваат само ноктите, се оштетуваат и забите. Кај помладата популација настанува и вилична дисфункција.
  • Пушењето предизвикува болести на гингивата и го намалува лачењето на плунката во устата, со што директно влијае на оралната хигиена.
  • Алкохолот го намалува лачењето на плунката и е ризик фактор за појава на кариес и болести на меките ткива во устата.
  • Кафето предизвикува пребојување на забите и заедно со шеќерот ја зголемуваат инциденцата од појава на кариес.
  • Премногу силно четкање кое доведува до оштетување на емајлот и хиперсензитивност на забите и појава на кариес.
  • Бруксизам е појава која што може да се јави кај сите возрасти и нај добриот третман е носење на соодветна заштитна гума.
  • Чепкалките за заби не се дизајнирани за чистење на забите ниту за меѓузабните простори. Поради тоа замена за чепкалките за заби треба да биде дентален конец.

За да ги зачуваме нашите заби здрави, потребно е да четкаме најмалку два пати дневно со мека четка, да внесуваме поголемо количество вода во текот на денот, да употребуваме дентален конец секој ден и да избегнеме конзумација на цигари, алкохол, кафе и шеќери.

Продолжете да не читате за повеќе информации од оваа сфера и не заборавајте редовно да го посетувате вашиот стоматолог.

Developed by Optimized