Зошто вашите заби се сензитивни на топла и ладна храна
Почетна / Блог / Зошто вашите заби се сензитивни на топла и ладна храна
Сензитивноста на забите при козумирање на премногу топли и премногу ладни напитоци или храна е еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат пациентите.
Како се јавува преголема сензитивност на забите?
Хиперсензитивноста на забите може да настане од различни причини, како од лоши навики и парадонтална болест, така и од други болести, дури и лошо изработени композитни реставрации и протетски помагала.
Причини поради кои забите се преосетливи:
Конзумација на премногу цедени сокови, кисела и зачинета храна, доведува до нагризување на емајлот и експонирање на дентинските тубули од дентинот.
Кариес – кога сензитивноста на термичките дразби е пропратена и со болка при џвакање, голема е веројатноста да станува збор за присуство на кариес.
Болести на непцата – зголементата акумулација на дентален плак на површината на забите и помеѓу забот и гингивата, е индикатор за воспалени непца и најчесто дава сензитивност на ладно.
Агресивно четкање на забите – употребата на четки со тврди влакна и агресивното четкање на забите, доведуваат до оштетување на емајлот и експонирање на дентинските каналчиња, со што се јавува сензитивност на топли и ладни напитоци и храна.
Чкрипење и стискање со забите – оваа појава наречена Бруксизам го оштетува емајлот на забите и можна е појава на фрактури што доведува до чувствителност на топло и ладно.
Повлекување на гингивата – рецесијата (повлекувањето) на гингивата, доведува до експонирање на цементот на забот и до преголема чувствителност која што може да биде предизвикана од болест – парадoнтопатија, или од агресивно четкање.
Поголеми или помали фрактури на забите го експонираат нервот и со тоа се јавува поголема чувствителност на топла и ладна храна.
Превенција и терапија
Редукција на конзумација на кисела и зачинета храна, цедени сокови и бистри сокови.
Употреба на четка со меки или ултра меки влакна и четкање без преголем притисок.
Употреба на паста за сензитивни заби.
Употреба на течност за плакнење на уста која што содржи флуор за да се намали сензитивноста.
Редовни стоматолошки прегледи за да се контролираат композитните реставрации и сите протетски помагала.
Во случаи на чкрипење и стискање со забите, носете гума.