Пломбирање на заби

Пломбирањето на забите претставува третман за најчестата болест на забите односно кариесот.Со пломбирањето се враќа анатомскиот изглед,се враќа функцијата и се продолжува времето на траење на забите.

По отстранувањето на кариозниот дел односно заболениот дел на забот,истиот се исполнува со матерјал за реставрирање кој треба да одговара на цврстината на природниот заб анатомоморфолошки да ги имитира површините на забите и естетски во однос на боја да задоволува.

Едни од најчестите материјали за реставрација на забите коишто се користат денес се композитите и глас јономерните цементи.

Намената на пломбите е да го надоместат делот од забната коронка кој е изгубен најчесто како резултат на кариес или траума (фрактура на забот) или пак од естетски причини за корекција на дефекти,форма и големина.

ЗАКАЖИ ТЕРМИН

077 88 88 66

Developed by Optimized