Современата стоматолошка протетика нуди низа на современи решенија за враќање на правилната функција на забите,надоместување на изгубени заби како и естетско решавање кога тоа е потребно.Од протезни помагала па се до коронки и мостови кои првенствено мора да се комфорни и лесно прифатливи за пациентот како и да ја вратат функцијата,говорот и естетиката.

Фиксна и мобилна протетика

Мобилни протези

Мобилните протетски помагала се решение секогаш кога нема можност за фиксно протетско решение или кога нема услови за поставување на импланти.Мобилните помагала пациентот сам ги поставува и ги вади од устата.Тука спаѓаат тотални и парцијални класични и визил протези..

  • Тотални протези се индицирани кога нема преостанати заби во устата на пациентот и кога нема услови за постава на импланти и претставуваат одлично решение за тотална беззабост.
  • Парцијалните протези се решение кога во устата сеуште има преостанати заби но нема услови за мостовска конструкција или постава на импланти.Тие можат да бидат класични каде што кукичките се жичани или визил протези кога целата протеза заедно со ретенционите елементи(кукичките) се излиени од метал.Визил протезите се пограцилни и попријатни за носење на пациентот.
  • Постојат и таканаречени комбинирани протетски решенија кога фиксниот мост на дел од забите е комбиниран заедно со мобилно протетско помагало-протеза кои меѓусебно се поврзани со ретенциони елементи кои се нарекуваат атечмени.Тие овозможуваат одлична комфорност,естетска компатибилност и се лесно прифатливи за пациентите

Мостови

Мостовите се индицирани кога во устата на пациентот недостасуваат еден или повеќе заби,за надокнадување на истите кога постојат услови за тоа.За да се спречи мобилноста на околните заби бидејќи тие тежнеат да го пополнат празниот простор или пак од естетски причини.Целта на мостовските конструкции е тие да го надополнат дефектот во забалото,да ја вратат функцијата,говорот и естетиката како и да овозможат правилно пренесување на џвакопритисокот.

Мостовите можат да бидат изработени од металкерамика или од безметална керамика.

Коронки

Коронките се индицирани кај фрактурирани заби,заби со големи композитни полнења најчесто лекувани или пак заби со променета боја и форма.Целта на поединечните коронки е да се надогради и заштити забот и да се задржи во устата што е можно подолго,да се врати во функција и естетски да задоволува во однос на преостанатите заби.

Можат да бидат изработени од металкерамика или безметална керамика

ЗАКАЖИ ТЕРМИН

077 88 88 66

Developed by Optimized